„Русија ќе најде други увозници за својата нафта“

Сподели со своите пријатели

Русија ќе најде други увозници за својата нафта, изјави постојаниот претставник на Русија во меѓународните организации во Виена, Михаил Улјанов, коментирајќи го шестиот пакет санкции на ЕУ против Русија, кој вклучува делумно ембарго на руската нафта.

Loading...

– Како што со право рече вчера Урсула фон дер Лајен, Русија ќе најде други увозници. Важно е да се напомене дека таа сега противречи на сопствената вчерашна изјава. Многу брзата промена на начинот на размислување укажува дека ЕУ не е во добра состојба – напиша во вторникот Уљанов на Твитер како одговор на твитот на Урсула фон дер Лајено кој најави делумно ембарго за нафта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германската полиција уапси маж кој се заканувал со масакр

 

ЕУ воведе делумно ембарго за руската нафта

 

Претходно, лидерите на ЕУ преговараа за шестиот пакет санкции кон Русија за време на самитот во Брисел, вклучително и исклучување на Сбербанк од меѓународниот платен систем SWIFT, делумно ембарго за увоз на руска нафта, забрана за уште три руски државни медиуми и проширување на црната листа на ЕУ на одговорните за нарушување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Урсула фон дер Лајен истакна дека ЕУ се надева дека ќе одбие до 90 отсто од увезената руска нафта пред крајот на оваа година.