Неделна прогноза за Куманово: Температурите во пораст

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди, но и услови за нестабилност со пороен дожд и електрични празнења. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 12 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 26 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Косматац – Кумановско село кое го основале Черкезите

 

Loading...

 

Утре во кумановско ќе имаме претежно сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 13 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 27 степени целзиусови.

Среда носи променливо облачно време со услови за нестабилност проследена со дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 29 степени целзиусови.

Во четврток ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, додека маисмалната дневна се очекува да се искачи до 29 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Косматац – Кумановско село кое го основале Черкезите

 

 

Сончево, но и потопло време со мала облачност, ќе имаме во петок. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 31 степен целзиусов.

Loading...

Сабота носи сончево, топло и стабилно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во интервал од 17 степени во утринските часови до максимални 31 во текот на денот.

И во недела нѐ очекува топло и сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во интервал од 17 степени во утринските часови до максимални 32 степени во текот на денот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Косматац – Кумановско село кое го основале Черкезите

 

 

Слилно време ќе имаме и во првата половина од следната работна недела, по што ќе следуваат врнежи од дожд.

Никола Ивановски