Вицепремиерот Маричиќ во еднодневна посета на Црна Гора

Сподели со своите пријатели

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска е во еднодневна посета на Црна Гора, каде ќе учествува на годишниот Самит на Демократијата во Југоисточна Европа, посветен на „Војната во Европа: Влијанието на Балканот“, во организација на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

Loading...

Вицепремиерот Маричиќ ќе се обрати на панел дискусијата на тема: Променливата политичка и безбедносна динамика во Западен Балкан, заедно премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, претседателката на Косово, Вјоса Османи, претставникот на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања од Западен Балкан, Мирослав Лајчак, Курт Волкер, поранешен амбасадорот САД во НАТО и поранешен специјален претставник за Украина и Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски од Пелинце: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Маричиќ во рамки на Самитот ќе има билатерална средба со премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, на која тема на разговор ќе бидат политичките случувања на домашна и меѓународна сцена, напредокот во реформите и евроинтеграциите и унапредување на регионалната соработка во пресрет на одржување на Самитот на „Отворен Балкан“.

На овогодишниот Самит на ИРИ учествуваат високи владини претставници од Соединетите Американски Држави, Европа и регионот, како и аналитичари, отворено да разговараат за клучните теми кои се однесуваат на стабилноста на регионот, со фокус на последиците од војната на Русија против Украина на Западен Балкан.