Научниците загрижени: на Антарктикот откриени „супер моќни“ бактерии

Сподели со своите пријатели

Бактерии со ген за природна отпорност на антибиотици и антимикробни материи кои имаат потенцијал да се шират од поларните региони се откриени на Антарктикот, предупредуваат научниците од Чиле.

Loading...

Андрес Марколета, научник од Универзитетот во Чиле, кој ја предводеше студијата објавена во списанието Science of Total Environment во март, рече дека овие „суперсили“ кои еволуирале за да издржат екстремни услови се содржани во движечките фрагменти на ДНК кои лесно можат да се пренесат на други бактерии.

– Знаеме дека почвата на Антарктичкиот Полуостров, еден од поларните региони најмногу погодени од топењето на мразот, е дом на голем број на различни бактерии и дека некои од нив претставуваат потенцијален извор на гени на предците кои даваат отпорност на антибиотици – рече Марколета.

 

 

Научниците од Универзитетот во Чиле собраа неколку примероци од Антарктичкиот Полуостров од 2017 до 2019 година.

– Вреди да се запрашаме дали климатските промени можат да влијаат на појавата на заразни болести – рече Марколета.

Loading...

Тие гени би можеле, во можно сценарио, да го напуштат овој резервоар и да поттикнат појава и ширење на заразни болести, додаде тој.

Научниците открија дека бактериите Pseudomonas, доминантната група на бактерии на Антарктичкиот Полуостров, не се патогени, но можат да бидат извор на „гени за отпор“ кои не се запираат со вообичаени средства за дезинфекција како бакар, хлор или кватернерен амонијак, пренесува хрватскиот порталот Zimo.

Сепак, друг вид бактерија што тие ја проучувале, бактеријата Polaromonas, има „потенцијал да ги инактивира бета-лактамските антибиотици, кои се неопходни за лекување на разни инфекции“, рече Марколета.