Путин: Невозможно е да се истурка Русија од светската економска арена

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека иако некои земји сакаат да ја истуркаат Русија од светската економска арена, тоа е невозможно и нема намера да го стори тоа.

Според Спутник, говорејќи за санкциите што Западот и ги воведе на Русија поради специјалната воена операција во Украина, тој истакна дека овие мерки ги погодуваат сите и дека толку висока инфлација во западните земји не е забележана во последните 40 години.

 

Кличко: Главна цел на Русија останува освојувањето на Киев

 

„Ова не е шега“, коментира Путин, кој преку видеоконференција им се обрати на учесниците на пленарната сесија на Евроазискиот економски форум.

По повод заминувањето на голем број странски компании од рускиот пазар, тој рече дека домашните компании ќе го заземат нивното место и дека ништо нема да се промени.

 

Кличко: Главна цел на Русија останува освојувањето на Киев

 

Рускиот претседател рече и дека Русија направила се што е потребно во сите клучни насоки за да го обезбеди суверенитетот на земјата.