Три експлозии одекнаа во Авганистан; најмалку 9 загинати и 15 повредени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку девет лица загинаа, а 15 се повредени во три експлозии во авганистанскиот град Мазар-е-Шариф, изјави синоќа портпаролот на локалниот командант.

Експлозиите се случија во провинцијата Балк, а одговорноста за експлозиите ја презеде Исламската држава.

 

Јапонските и американските сили извршија заеднички лет на борбени авиони

 

Експлозиите разнесоа неколку патнички возила, објави Ројтерс.

Најмалку две лица се повредени во одвоена експлозија во џамија во Кабул, пренесе британската агенција.