Министерот Спасовски на билатерална средба со италијанската министерка Ламорџезе

Сподели со своите пријатели

Денеска, (25.05.2022) министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со придружна делегација од МВР, во Рим, Италијанска Република, ќе оствари билатерална средба со министерката за внатрешни работи на Италијанската Република, Лучана Ламорџезе, возвратна посета на нејзина покана, откако министерката беше во посета на Република Северна Македонија во 2021 година.

Денешната средба ќе биде искористена и за потпишување на Меморандумот за соработка во областа на сузбивање на трговија со дрога помеѓу Одделот за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Италијанската Република и Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.