Пронајден хероин, приведени две лица од Куманово

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово завчера биле приведени откако полицијата во нивното возило пронашла хероин.

Loading...

– На 23.05.2022 во 15.00 часот во Куманово од полициски службеници од Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово се лишени од слобода М.А.(42) и Д.Ц.(38), двајцата од Куманово, кои биле во патничко моторно возило “рено”, управувано од М.А., затоа што во возилото и кај Д.Ц. пронајден е хероин, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицата се задржани во СВР Куманово и известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Никола Ивановски