Приведени две лица во кумановско поради поседување марихуана

Сподели со своите пријатели

Две лица во Куманово биле приведени во два одвоени случаи, откако полицијата им пронашла марихуана.

Loading...

– На 23.05.2022 во 00.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.П.(24) од Куманово затоа што кај него била пронајдена марихуана, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Вториот случај е во селото Черкези, каде бил приведен дваесет и петгодишник.

– На 22.05.2022 во 21.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Ј.(25) од село Черкези, кумановско, затоа што кај него биле пронајдени марихуана и семки од марихуана, стои во полицискиот билтен.

Од Министерството за внатрешни работи додаваат дека по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски