Европската комисија во понеделникот препорача отстапувањето од фискалните правила да се задржи до крајот на следната година за да можат земјите-членки да продолжат со буџетски средства за да и помогнат на економијата.
„Комисијата смета дека се исполнети условите за задржување на одредбата што отстапува од Пактот за стабилност и раст во текот на 2023 година“, соопшти Комисијата.
Како клучни причини за задржување на оваа одредба, Комисијата ги наведува зголемената неизвесност и силните негативни ризици за економските прогнози во контекст на војната во Украина, невидено високите цени на енергијата и континуираните нарушувања во синџирите на снабдување.
Според првичните планови, до крајот на оваа година треба да се вратат правилата на Пактот за стабилност и раст, кој предвидува буџетскиот дефицит во земјите-членки да не надминува три отсто од БДП, а јавниот долг 60 отсто од БДП.
Фотографии за кои зборува светот: Само Ким Џонг Ун носи ковчег без маска, а Ковидот дивее
Отстапувањата од строгите фискални правила беа дозволени на почетокот на пандемијата на Ковид-19, во март 2020 година, за да можат земјите-членки да ги користат своите буџети за да ги одбранат работните места и да и помогнат на економијата.