Пекинг ги продолжи рестриктивните мерки против Ковид

Сподели со своите пријатели

Пекинг денеска ги прошири рестриктивните мерки за работниците и студентите да останат дома и нареди дополнителни масовни тестови бидејќи повторно се зголеми бројот на случаи на Ковид во кинескиот главен град.

Loading...

Бројни станбени населби во градот го ограничија влезот и излезот, иако ситуацијата е многу помалку опасна отколку во Шангај, каде неколку милиони жители се под различни степени на заклучување два месеци, објави АП.

 

Америка влегува во ново партнерство со 13 азиски земји. Кина не е среќна поради тоа

 

Пекинг денеска регистрира 99 нови случаи на коронавирус, што е зголемување во однос на претходните денови кога имаше претежно околу 50 случаи.

Денеска на целата територија на Кина се регистрирани 802 случаи, што е благ пад, кој беше прекинат со помали локализирани жаришта, пренесува Танјуг.

 

Loading...

Америка влегува во ново партнерство со 13 азиски земји. Кина не е среќна поради тоа

 

И покрај ова, владата воведе строг карантин, затворање и мерки за тестирање како дел од нејзината политика „нулта ковид“, иако остатокот од светот се отвора се повеќе и повеќе.

Шангај објави дека 480.000 луѓе сè уште се изолирани во своите домови, додека 1,6 милиони луѓе можат да се движат низ нивното соседство, а 21,2 милиони се под полесни рестриктивни мерки.