Бројот на жртвите на силните бури во двете најнаселени канадски провинции, Онтарио и Квебек, се искачи на најмалку осум, соопштија локалните власти.
Службите за итни случаи продолжија со обновата на уништените столбови за да ја вратат струјата во домовите на половина милион луѓе, објави „Гардијан“.
Во Германија, јавниот превоз во наредните три месеци е речиси бесплатен за сите
Невремето, кое траеше повеќе од два часа во саботата попладне и беше со јачина на торнадо, остави траги на уништување во делови од провинциите Онтарио и Квебек.
Ветровите со брзина од 132 километри на час соборија дрвја, урнаа електрични столбови и уништија бројни далноводи.
Компаниите за производство и дистрибуција на електрична енергија се обидоа да го вклучат снабдувањето со електрична енергија во неделата, а најголем број смртни случаи се случија откако дрвја паднале врз луѓе, соопштија владини претставници.
Премиерот Џастин Трудо рече дека федералната влада е подготвена да им помогне на луѓето на кои тоа им е потребно.
– Размислуваме за сите што беа погодени и благодарни сме на тимовите кои работат на обновување на електричната енергија – твитна Трудо.
Најголемата дистрибутивна мрежа за електрична енергија во Онтарио, Хидро 1, соопшти дека ја вратила електричната енергија во повеќе од 360.000 домови, но 226.000 сè уште се без струја до рано утринава.
Обновувањето на мрежата ќе продолжи и во наредните денови, со цел да се врати струјата кај сите потрошувачи, додаваат од компанијата.