Германската полиција не можела да поверува кога на патот запрела возач (33), кој наместо на обично седиште, седел на дрвена столица.
Целата ситуација се случила овој четврток во Гутерсло, Германија, а германската полиција објави фотографии од „импровизирано седиште“, пренесува Fenix Magazine.
Кога возачот го прашале каде му е возачкото седиште, човекот не можел да даде убедлив одговор, ниту пак возачка дозвола. На човекот му е забрането да вози, а против него е покрената истрага.
Инаку, сличен пример се случи деновиве во Хрватска кога некој фотографирал паркирано возило со училишно столче наместо седиште. Не е Рекаро, старо е“, напишале придружниците.