Русија, како одговор на потегот на Франција, протера 34 членови на француските дипломатски претставништва.
„Како одговор, 34 службеници на француските дипломатски институции во Русија се прогласени за персона нон грата“, се наведува на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи.
Забележано е дека тие мора да ја напуштат Русија во рок од две недели.
Безос и Бајден започнаа караница на Твитер: Кој е виновен за високата инфлација?
Попладнето на 18 мај, францускиот амбасадор во Русија Пјер Леви беше поканет во руското Министерство за надворешни работи.
Тој остро протестираше „против провокативната и неоправдана одлука на француските власти да прогласат за персона нон грата 41 вработен во руските дипломатски институции во Франција“.
Според медиумите, Франција веднаш реагирала.
Русија: Речиси 1.000 украински борци во Азовстал се предадоа
„Франција го осудува потегот на Русија да го протера персоналот од француската амбасада во Москва“, се вели во соопштението.