Повеќе од 500.000 луѓе ги напуштија своите домови во индиската североисточна држава Асам поради големите поплави предизвикани од дождовите пред монсуните во кои седум лица се удавија, соопштија властите, предупредувајќи дека ситуацијата може да се влоши.
Една од најголемите реки во светот, Брамапутра, се излеа од коритото во Асам и поплави 1.500 села. Обилните дождови зафатија поголем дел од земјата.
Што всушност се случи во Азовстал? Предавање или „операција за спасување“?
Повеќе од 500.000 луѓе се погодени, а ситуацијата со поплавите станува се покритична од час во час, изјави за Ројтерс министерот за водни ресурси Пијуш Хазарика, додавајќи дека седум лица се удавиле во последните три дена.
Индиските војници спасија повеќе од 2.000 луѓе заробени во округот Хојаи, изјави министерот за здравство Кешаб Маханта. Се очекува дополнително зголемување на нивото на водата во Брамапутра, соопштија националните власти.
Русија: Речиси 1.000 украински борци во Азовстал се предадоа
Ситуацијата и понатаму е исклучително сериозна во најтешко погодената област Дима Хасао, каде железничките и патните врски се прекинати поради поплави и лизгање на земјиштето.
Градовите на други места во Индија, особено главниот град Њу Делхи, се погодени од топлотниот бран.