Украина се надева на размена на воени заробеници

Сподели со своите пријатели

По предавањето на борците од Азовстал кои беа однесени на територијата под контрола на руската армија, Украина се надева дека Русите ќе се согласат на размена на воени заробеници, а од Москва велат дека тие „треба да бидат изведени пред лицето на правдата“.

Loading...

Според руските новински агенции, рускиот парламент денеска ќе усвои резолуција со која ќе се забрани размена на војници од мариуполски Азовстал.

Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малијар изјави дека „преговорите за ослободување на борците се во тек“, како и плановите за спасување на оние кои сѐ уште се во фабриката за челик.

 

Карл Нехамер: Австрија нема намера да влезе во НАТО

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека „највлијателните меѓународни посредници се вклучени“ во плановите.

Не се знае колку војници останале во челичарницата.

Loading...

Ова предавање најверојатно значи крај на отпорот кој стана симбол на украинската одбрана. Падот на Азовстал ќе ја означи целосната окупација на Мариупол, што на Русија ќе и донесе најголема победа во војната по повеќекратните воени и дипломатски неуспеси, пишуваат светските медиуми.

 

Карл Нехамер: Австрија нема намера да влезе во НАТО

 

Вчера повеќе од 260 борци од фабриката за челик беа транспортирани во два града во Украина под контрола на руските сепаратисти поддржани од Москва.