Русија нема да дозволи избувнување на Третата светска војна, но веднаш и „супер силно“ ќе одговори во случај да биде нападната, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев.
По посетата на нуклеарниот центар во Саров, Медведев рече дека рускиот нуклеарен штит се состои од арсенал на најсовремени и доверливи оружја што „ги ладат амбициите на оние кои се подготвени сами или туѓи да ја започнат Третата светска војна.
„Нема да дозволиме ваква ситуација, но принудени сме секогаш да велиме и потсетуваме дека во случај на напад врз нашата земја можеме да обезбедиме итен и суперсилен одговор и да отфрлиме каква било агресија што и се заканува на нашата земја“, рече Медведев, пренесува Танјуг.