Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг изјави дека Австрија нема планови да се приклучи на НАТО.
– Имаме сосема поинаква географска ситуација – изјави Шаленберг по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, додавајќи дека тие имаат сосема поинаква историја, и оти смета дека тоа мора да се земе предвид.
Во тајна операција украинските војници изнесени од Азовстал (ВИДЕО)
Сепак, тој нагласи дека тоа не значи дека Австрија е политички неутрална.
– Неутралност не постои во случај на воена агресија – рече тој.
Шефот на австриската дипломатија истакна дека тие јасно го зазеле својот став.
Столтенберг: Разбирлив е ставот на Турција за проширувањето на НАТО
– Ги поддржуваме сите санкции и правиме се што можеме да дадеме поддршка – рече тој, пренесе ДПА.
Тој најави планови за зголемување на инвестициите во безбедноста и рече дека е важно да се разбере дека „светот не е толку пријателски како што ние би сакале да биде“.
Шаленберг заклучи дека има држави подготвени да користат воени сили за остварување на нивните интереси.
Во тајна операција украинските војници изнесени од Азовстал (ВИДЕО)
Да потсетиме, Шведска и Финска најавија дека ќе аплицираат за членство во НАТО за неколку дена, а на тоа беа поттикнати со промената на геополитичката клима во Европа по почетокот на рускиот напад врз Украина кон крајот на февруари, пишува Nacional.hr.