Халиф бин Зајед ал Нахјан, познат и како Шеик Халифа, претседател на Обединетите Арапски Емирати и владетел на Абу Даби, почина во петокот, потврдија властите.
– Изразуваме сочувство до народот на ОАЕ, арапската и исламската нација и светот за смртта на неговото височество шеикот Халиф бин Зајед ал Нахјан, претседател на ОАЕ – се наведува во соопштението.
Шеик Халиф е претседател на ОАЕ од 3 ноември 2004 година.
Тој беше избран да го наследи неговиот татко, покојниот шеик Зајед бин Султан ал-Нахјан, кој беше првиот претседател на ОАЕ од обединувањето во 1971 година до неговата смрт на 2 ноември 2004 година.
Шеикот Халиф беше вториот претседател на ОАЕ и 16-ти владетел на Емиратот Абу Даби.
Тој беше најстариот син на шеикот Зајед.