Сањив Прасад (61) и неговата сопруга Садана (57) велат дека ги потрошиле своите заштеди на одгледување син и платиле за неговата обука за пилот, како и за раскошна венчавка, и бараат речиси 650.000 долари како компензација доколку не се роди внук за една година, пренесува Би-Би-Си.
Многу необична тужба е поднесена поради „ментално малтретирање“.
Родителите велат дека бракот на нивниот син го договориле во 2016 година, надевајќи се дека за време на пензионирањето ќе добијат „внук“ со кој би можеле да си играат, пренесе Би-би-си.
Родителите рекле дека венчавката ја платиле во хотел со пет ѕвезди, луксузен автомобил вреден 80.000 долари и меден месец во странство.
Се очекува двојката да биде сослушана на суд на 17 мај, пренесува британската телевизија.