На денот кога финските власти објавија дека земјата треба итно да влезе во НАТО, руското Министерство за одбрана објави дека во Балтичкото Море се организирани поморски маневри за проучување на можностите на НАТО.
Според Министерството за одбрана, маневрите ќе опфатат обука на офицери, при што ќе се проучат можностите на поморските групи на НАТО и можностите за борбена употреба на бродови во Балтичкото Море.
Украинска армија: Руските сили гаѓаа неколку села во источна Украина
„За време на тактичката обука ќе бидат разгледани различни опции за борбена употреба на различни типови бродови во Балтичкото Море. Во кампот за обука учествуваат околу 100 офицери од повеќе од 50 воени бродови на Балтичката флота“, соопшти Министерството.
Русија ги објасни и целите на овој поморски и воен маневар.
„Главната цел на овие настани е да се постигне високо ниво на индивидуална професионална подготвеност на командниот персонал на бродот, да се подобрат вештините за извршување задачи за борбена обука и изведување артилериско, торпедо, ракетно и противвоздушно ракетно гаѓање“, соопшти прес-службата на соопшти руското Министерство за одбрана, пренесува Klix.ba.
Денеска почнува првото судење за воени злосторства во Украина. Обвинетиот има 21 година
Инаку, Балтичката флота на Армијата на Руската Федерација има две главни бази во балтичкиот регион, и тоа Балтичката база во Калининградската област и Кронштат, која се наоѓа во регионот Ленинград.
За потсетување, финскиот претседател и премиер на оваа земја во четвртокот најавија дека земјата мора без одлагање да поднесе барање за членство во НАТО.
„Членството во НАТО ќе ја зајакне безбедноста на Финска. Како членка, тоа ќе ја зајакне целата алијанса. Финска мора итно да аплицира за членство во НАТО. Се надеваме дека чекорите што се уште се потребни за да се донесе оваа одлука ќе бидат преземени во наредните денови“, се вели во заедничка изјава.
v
На ваквиот потег реагираше и руското МНР, кое нагласи дека Русија ќе мора да преземе одредени мерки поради одлуката на Финска да го започне процесот за влез во НАТО.
„Одлуката на Финска да влезе во НАТО е радикална промена во надворешната политика на земјата. Русија ќе биде принудена да преземе одмазднички мерки, воено-технички и други форми за да ги запре заканите за националната безбедност“, се вели во соопштението.