Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија претрпе стратешки пораз во Украина и дека тоа е веќе очигледно за целиот свет.
„На Русија едноставно и недостасува храброст да го признае тоа“, рече тој во своето ноќно обраќање.
Зеленски додаде дека руските сили се кукавици и се обидуваат да ја сокријат вистината зад ракетните, воздушните и артилериските напади.
„Стратешкиот пораз на Русија е веќе очигледен за сите во светот, дури и за оние кои продолжуваат да комуницираат со неа. Русија едноставно нема храброст да го признае тоа. Тие се кукавици. Тие се обидуваат да ја скријат вистината зад ракетните, воздушните и артилериските напади .
Затоа, наша задача е да се бориме додека не ги постигнеме нашите цели во оваа војна. Ослободете ја нашата земја, нашиот народ и обезбедете ја нашата безбедност“, напиша тој на Фејсбук со видео од обраќањето.
Тој им се заблагодари на медицинските сестри и болничарите што ги спасиле животите на украинските војници и додаде дека руските сили од почетокот на војната уништиле 570 здравствени установи, пренесува Index.hr.