Фото-кино клуб “Козјак” – Куманово нa 10 мај ја објави листата со официјално селектирани филмови за ФИЛМАЈ 2022 фестивалот на краток филм – Куманово.
Тоа се венецуелскиот `Импровизирана земја`, `Вистинските зборови` од Франција, италијанскиот `Свет син`, швајцарскиот `Натпревар`, блискоисточниот `Небески труби`, како и студентскиот документарен филм `Мачор` на авторката Тина Величковиќ. На фестивалот ќе се прикажат и селектираните филмови `Work It Class!` од Шпанија, австралискиот `Мајсторот` и `Сочувствување` (САД).
Фестивалската проекцијата ќе биде на 2 јуни 2022, во НУЦК “Tрајко Прокопиев” – Куманово.
Претходно, на 2 мај 2022, беа соопштени наградените филмови за ФИЛМАЈ 2022..
Наградата `Лазар Ѓорѓевиќ` за најдобра режија ја добива Самир Карахода за режирање на филмот ‘Изместено’ (Косово).
Владимир Самоиловски е добитник на наградата `Радислав Ристевски` за најдобра фотографија/кинематографија за неговата работа во македонскиот филм `Северен Пол`.
Авторот на сценариото за `Ангелос на Божиќ` (Грција), Фотис Зампетакис, е добитник на награда `Козјак` за најдобро сценарио.
`Обичната Ели`, режиран од: Лавинија Софрониевска, е добитник на награда за најдобар домашен (македонски) филм.
Новосоздадена `ФИЛМАЈ` награда за најдобар краток филм се доделува na `Самa` (Хрватска, во режија на Борна Зидариќ), според заедничка одлука на членови на фото-кино клуб `Козјак` – Куманово.
Стручното жири на овогодишниот ФИЛМАЈ беше составено од три члена: Сезер Салихи (сценарист и режисер), Косара Митиќ (сценарист и режисер) и Филип Илиевски (член на фото-кино клуб „Козјак“).
Интегрално соопштение