Германија мора да може да се справи со бојкотот на увозот на руски гас до следната зима, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек.
Во интервју за неделникот WirtschaftsWoche, објавено денеска, официјален Берлин рече дека ги засилил напорите за намалување на зависноста од руската енергија откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари.
РЕКОРД: Лани во Америка од предозирање починале 107.000 лица
Но, тој додаде дека Германија најверојатно ќе биде во голема мера зависна од рускиот гас до 2024 година.
„Доколку имаме целосни складишни капацитети на крајот на годината, ако два од четирите пловечки танкери за LNG што ги ангажиравме се приклучат на мрежата и ако постигнеме значителни заштеди на енергија, ќе можеме да ја преживееме зимата до одреден степен ако нема повеќе руски гас“, рече тој.