Испораката на оружје за Украина ја зголемува веројатноста за конфликт меѓу Русија и НАТО, кој може да прерасне во нуклеарна војна, предупреди денеска рускиот заменик-заменик на Советот за безбедност Дмитриј Медведев.
РЕКОРД: Лани во Америка од предозирање починале 107.000 лица
„Обидите на НАТО да ја преплави Украина со оружје, да ја обучи украинската армија со западна опрема, да испрати платеници и да одржува вежби во близина на нашите граници, само ги зголемуваат шансите за директен и отворен конфликт меѓу Русија и НАТО, наместо постојната посредничка војна“, рече Медведев на Телеграм.
Фон дер Лајен: Русија е најдиректната закана за меѓународниот светски поредок
Тој смета дека „секогаш постои ризик таквиот конфликт да се претвори во тотална нуклеарна војна“, пренесе Тасс.
„Тоа ќе биде катастрофално сценарио за сите“, предупреди Медведев.