Шведска поднесува апликација за НАТО на 16 мај

Сподели со своите пријатели

Шведска планира да поднесе апликација за членство во НАТО во понеделник (16-ти мај).

Loading...

Весникот „Експрес“ го објави врз основа на календарот за работа на шведскиот парламент.

 

Путин: Суверенитетот ЛНР ќе се одржи со заеднички напори

 

„Премиерот во понеделник ќе свика владина седница на која ќе се донесе историска одлука. Веднаш по средбата ќе биде поднесена апликација за членство во НАТО, доколку не се случи нешто непредвидено“, наведува весникот.

За понеделник веќе е свикана вонредна седница на парламентот, се наведува во написот.

Исто така, се посочува дека шведската влада во петок ќе објави извештај за безбедноста по почетокот на руската воена операција во Украина, а партијата на премиерот, социјалдемократите, ќе го изнесе својот став за членството во Алијансата во недела, наведува весникот.

Loading...

 

Повеќе од 100.000 бегалци работат во Полска од почетокот на руската инвазија на Украина

 

Да потсетиме, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова неодамна изјави дека Русија ги предупредила Финска и Шведска за последиците од нивното влегување во НАТО.

„Брисел, под покровителство на САД, долго време ги вовлекува овие земји во својата структура. Таму нема ништо ново. Друга работа, ако тргнат по овој пат, тоа ќе ја промени геополитичката ситуација во Европа, во непосредна близина на нашата земја. Сите предупредувања ги дадовме и јавно и преку билатерални канали. Тие го знаат тоа, нема да имаат за што да се чудат, за се се информирани“, изјави Захарова за телевизијата „Русија 24“.