Чешка преговара со Германија за купување тенкови, своите ги праќа во Украина

Сподели со своите пријатели

Официјална Прага преговара со Берлин за купување германски тенкови, што пак ќе и овозможи на Чешка да испрати повеќе од своите тенкови од советската ера во Украина, изјави во средата вечерта министерката за одбрана Јана Чернохова.

Loading...

Чешка би можела да добие тенкови Леопард од Германија, веројатно не најмодерна варијанта, изјави Чернохова на чешката телевизија.

 

Си-Ен-Ен објави вознемирувачко видео од Руси како убиваат цивили

 

„Мислам дека сме на вистинскиот, добар пат“, рече таа. Таа додаде дека тие би можеле да бидат „некаде на средина“ помеѓу старите Leopard 1 и поновите Leopard 2 верзии.

Чешка има 30 модернизирани тенкови Т-72 и уште неколку десетици кои не се модернизирани.

Од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, Чешка испрати некои од своите немодернизирани тенкови во Украина.

Loading...

 

Прво обвинение против руски војник за наводни воени злосторства

 

Чесите испратија и тешко оружје во Украина од воени складишта и приватни компании за оружје, вклучувајќи артилерија, борбени возила, противвоздушна опрема и повеќецевни ракетни фрлачи.