Контејнер натоварен со 1.500 тони јаглен од Русија потона во пристаништето Констанца во Романија.
Причината за оваа несреќа сѐ уште не е позната, но Заштитата на животната средина е во состојба на готовност поради опасност од загадување, пренесува романскиот портал Диги24.
Што ќе значи ако Финска влезе во НАТО: Зошто го сакаат тоа и дали тоа ќе има последици?
Поморскиот сообраќај не е загрозен, соопштија локалните власти, а Романската поморска управа нареди истрага.
Во моментов постојат две хипотези во врска со овој инцидент: или неправилно утоварување на робата или појава на пукнатина што довела до ситуација на потонување.
Грузискиот одметнат регион сака да се приклучи на Русија: „Чекаме сигнал од Москва“
Според порталот Диги24, каргото пристигнало од Германија, а од Русија до Србија патувале 1.500 тони јаглен.
Романската поморска управа стапила во контакт со сопственикот на бродот за да го отстрани јагленот и да го пушти бродот.