Дваесет и осумгодишен жител на липковското село Ваксинце вчера бил приведен од полицијата, под сомнение дека со остар предмет нанел повреди на соселанин.
Loading...
– На 11.05.2022 во 01.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.А.(28) од с.Ваксинце, општина Липково, затоа што на 10.05.2022 околу 23.45 часот во селото Ваксинце со остар предмет го нападнал Х.А.(37) од с.Ваксинце и му нанел повреди, констатирани во Општа болница Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски