Борел: Дали сакате Украинците да клечат пред Русите?

Сподели со своите пријатели

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Јосеп Борељ рече дека не ги разбира противниците на испораката на оружје и праша дали би сакале да видат „Украинците да клечат пред Русите“.

Loading...

Во интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, Борељ нагласи дека не разбира оти тие се против испораката на оружје, тврдејќи дека тоа ќе ја продолжи војната.

„Ги прашувам овие луѓе: „Дали ви е гајле како ќе заврши војната?“ Дали Украинците треба да клечат пред Русите?“, праша тој.

 

Гаспром: Нарачките од ЕУ за руски гас паднаа на 72 милиони кубни метри

 

Борељ најави дека ЕУ ќе продолжи да испорачува оружје на Украина и дека ќе се обиде да ја ослабне руската економија и да ја зголеми меѓународната изолација на Москва.

„Но, ние не сакаме да се бориме против Русија“, подвлече тој.

Loading...

Борељ истакна дека војната завршува со преговори.

 

Гаспром: Нарачките од ЕУ за руски гас паднаа на 72 милиони кубни метри

 

„Треба да дојдеме на преговарачка маса од позиција на сила и сега е важно да ги доведеме Украинците на таа позиција“, објасни тој.

Борел рече и дека ЕУ не може да биде посредник во преговорите меѓу Русија и Украина.

Тој оцени дека Русите нема да го прифатат тоа, како што Брисел нема да ја прифати Русија како посредник.

 

Loading...

Бранителите на Азовстал објавија фотографии од борците (ВИДЕО)

 

Тој додаде дека ниту Кина не реагира, бидејќи, како што тврди, се приклонува кон Русија.

Борељ оцени дека Турција работи многу добро и дека има добри односи на двете страни.

„ОН би биле најдобри“, посочи Борељ, додавајќи дека Украина, Русија и посредникот треба да го одредат исходот од преговорите.

 

Гаспром: Нарачките од ЕУ за руски гас паднаа на 72 милиони кубни метри

 

Loading...

Борељ не сакаше да коментира за можниот исход од преговорите и рече дека зависи од тоа колку е силна секоја страна.

Запрашан за можното воведување ембарго за увоз на руски гас, Борељ рече дека гасот е стратешки производ и дека тој не е само извор на енергија, туку и суровина за предхемиската индустрија, каде што е незаменлив.