Припадниците на одредот Азов лоциран во катакомбите на челичарницата Азовстал на својот Твитер профил објавија фотографии од ранетите.
„Дали Украина и светската заедница не можат да ги заштитат овие луѓе? Бараме итна евакуација на ранетите војници на територијата под контрола на Украина. Ги повикуваме ОН и Црвениот крст да покажат хуманост и да ги потврдат основните принципи врз кои се создадени. Спасете ги ранетите кои повеќе не се борци“, пишува во описот на објавените фотографии.
Увесь цивілізований світ має бачити умови, в яких перебувають поранені, скалічені захисники Маріуполя і діяти!
В повній антисанітарії, з відкритими ранами, перев’язаними не стерильними залишками бинтів, без необхідних медикаментів і навіть харчування.
👇🏼 pic.twitter.com/vmbOLjNJhy— АЗОВ (@Polk_Azov) May 10, 2022
Полковникот Азов Илија Самојленко го повика и Sky News од фабриката за челик, признавајќи дека украинските борци претрпеле големи загуби.
„Никој не очекуваше дека ќе издржиме толку долго, но сепак сме тука. Бројот на загинати и ранети војници е многу голем“, рече тој.
Lieutenant Illya Samoilenko is still trapped in the Azovstal steel plant in Mariupol and tells Sky News that “we’re taking heavy casualties” and “every day may be our last”.
Latest: https://t.co/ZeprhNWkgn
📺 Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 and YouTube pic.twitter.com/mNfImNBkBz
— Sky News (@SkyNews) May 10, 2022