Захарова: Преговорите меѓу Русија и Украина продолжуваат

Сподели со своите пријатели

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захаров денеска изјави дека продолжуваат контактите меѓу Русија и Украина во сферата на преговорите.

Loading...

– Контактите меѓу Русија и Украина се во тек – изјави таа за Радио Спутник, пренесува агенцијата ТАСС.

 

Гаспром: Нарачките од ЕУ за руски гас паднаа на 72 милиони кубни метри

 

Таа се осврна и на резолуцијата на литванскиот парламент за наводните терористички активности на Русија, нарекувајќи ги екстремен потег.

– Би сакала да ги потсетам оние земји кои можеби заборавиле или усвоиле такви декларации, изјави, кои не можам да ги наречам документи, дека тоа се екстремни потези, бидејќи не може поинаку да се опишат. Сите овие земји се членки на НАТО. Во текот на изминатите децении, неколкупати можевме да ја видиме илегалната агресија на НАТО, што не е оправдано со никакви правни причини – рече Захарова.

 

Loading...

Русија ги прекина испораките: Бугарија ќе добие американски гас од јуни

 

Таа додаде дека, како што рече, напротив, постапките на Алијансата и нејзините членки предизвикале нови конфликти.