Американски државјанин обвинет за шпионажа во Украина безбедно евакуиран

Сподели со своите пријатели

Американски државјанин во Украина, кој беше обвинет за шпионажа и беше приведен од руските сили, беше евакуиран во Полска со двајца членови на семејството, соопшти приватна волонтерска група од Флорида, која обезбеди нивно ослободување.

Loading...

Кирило Александров заедно со сопругата Украинка и нејзината мајка е последниот од повеќе од 600 лица кои се ослободени во десетици вакви мисии од февруари, пренесува Танјуг.

 

Украинците со дронови „Бајрактар“ успешно ја нападнале руската воздушна одбрана

 

Александров, роден во Мичиген, кој се преселил во Украина, беше уапсен со сопругата и нејзината мајка кон крајот на март во близина на градот Херсон додека се обидувале да побегнат од регионот откако биле окупирани од руските војници.

Според соопштението, руските сили го привеле Александров во Украина врз основа на речиси десетина кривични пријави поврзани со обвинувањата дека шпионирал за американската влада, за кои групата вели дека се измислени.

 

Loading...

Гаспром: Нарачките од ЕУ за руски гас паднаа на 72 милиони кубни метри

 

Тој бил испрашуван и му било судено да биде префрлен во Москва, „каде што се претпоставува дека ќе бил одговорен за пропаганда, а потоа затворен“, се вели во соопштението на групата.

Британската агенција наведува дека не можела да контактира со групата за да ги провери деталите за овој настан, како и дека руската амбасада во Вашингтон не одговорила на барањето за коментар.