Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ќе ги посети Шведска и Финска за да разговара за војната во Украина, додека двете земји размислуваат дали да влезат во НАТО, јавува Би-Би-Си.
Борис Џонсон ќе се сретне со лидерите на двете земји во среда за време на еднодневната посета.
Русија ги прекина испораките: Бугарија ќе добие американски гас од јуни
Неговиот официјален портпарол рече дека посетата го опфаќа и „поширокиот безбедносен аспект на Европа“.
Поддршката за членство во НАТО се зголеми и во Шведска и во Финска откако Русија ја нападна Украина, и покрај нивната долга историја на водење политика на воена неутралност за да се избегне конфликт со регионалните сили.
Украинците со дронови „Бајрактар“ успешно ја нападнале руската воздушна одбрана
Се очекува двете земји во рок од неколку дена да одлучат дали ќе влезат во Алијансата.