Украинците тврдат дека собориле дрон каков што падна во Загреб, а објавија и снимка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Украинската армија објави видео на социјалните мрежи како доказ дека соборила руски извидувачки дрон. Станува збор за модел Ту-141 „Свифт“, истиот тој што падна во Загреб во март.

Loading...

– Украинската армија собори редок повеќекратен советски извидувачки дрон Ту-141 „Свифт“ – соопштија Украинците.

 

Русија ги прекина испораките: Бугарија ќе добие американски гас од јуни

 

Дронот Ту-141 се урна во Загреб на 10 март околу 23 часот во близина на Студентскиот дом Стјепан Радиќ и за среќа нема човечки жртви, само материјална штета на автомобили.

Леталото во Хрватска пристигна прво преку Романија, а потоа и Унгарија, а во хрватскиот воздушен простор пристигна со брзина до 700 километри на час и на височина од 1.300 метри.

Откриен е и од хрватските воени радари, а по 7 минути во хрватскиот воздушен простор се урна на земја.

Loading...

 

Какво оружје испраќа Германија во Украина?

 

Се верува дека леталото е поврзано со војната во Украина, но до денес не е познато кој и зошто го испратил.