Две финалиња, тројца финалисти , еден освоен турнир го одбележа викендот кој што е зад нас за тенисерите на ТК „Тумба“ од Куманово.
На Отвореното тениско првенство на Македонија во конкуренција на момчиња и девојчиња до 12.години одржано од 7 до 9. мај во Велес членовите на ТК „Тумба“ постигнаа одлични резултати во двете конкуренции.
Кај девојчињата Анастасија Арсовска го освои турнирот откако во финалето ја совлада својата клупска другарка Ива Стефановска со 2-0 во сетови.
Кај момчињата Алексеј Стојановски во финалниот меч во исклучително изедначен и исцрпувачки дуел по голема борба беше поразен од Александар Грујиќ од ТК НЕТ од Скопје со 2-1 во сетови.
– Секоја чест за младите тенисери кои продолжуваат да не радуваат со своите настапи и одлични резултати. Како тим упатуваме искрени честитки до нашите млади тениски надежи со желба и надеж за уште подобри резултати во иднина, велат од ТК „Тумба“.