Триесет и шестгодишен куманоец бил приведен денеска претпладне, а бил баран за доиздржување затворска казна од осум и пол години.
Loading...
– На 09.05.2022 во 11.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С. (36) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, лицето било осудено на 11 години и 9 месеци затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, а се барал со потерница за доиздржување на 8 години и 6 месеци казна затвор.
– Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Штип за доиздржување на казната, велат од МВР.
Никола Ивановски