38 казни за возачите во Куманово викендов

Сподели со своите пријатели

Вкупно 38 возачи од Куманово викендов биле казнети поради возење со брзина над дозволената, управување возило под дејество на алкохол или возење без дозвола.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд, СВР Куманово продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот. На подрачјето на Куманово изречени се вкупно 38 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, 14 санкции за возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол и 4 за управување возило без возачка дозвола, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Акциските контроли, велат од кумановската полиција, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението на СВР Куманово.

Никола Ивановски