Првпат во поновата историја на КК Куманово – петмина кумановци на теренот!

Сподели со своите пријатели

Вчерашниот натпревар против МЗТ Скопје УБ ќе остане запишан во историјата на Кошаркарскиот клуб Куманово.

Loading...

Не само затоа што беше обезбеден опстанок во елитата, туку и по нешто што ретко се случува на терените. Во финишот од мечот, сите петмина кошаркари во петорката на Куманово на теренот, беа родени кумановци: капитенот Ѓорѓи Георгиевски, потоа Милош Јовановиќ, Леонид Насковски, Александар Спасовски и Марко Димовски. Последните двајца се од кадетската екипа (М16) на Куманово, на кои Владимир Мирковски смета оваа сезона и им дава минутажа.

Повозрасните љубители на кошарката велат дека вакво нешто можело да се види само кога КК Куманово се натпреварувал во пониските лиги, пред осамостојувањето на Македонија, кога сите играчи биле од градот, а екипата била далеку од сегашното ниво. Откако клубот е во елитата и еден од најреноминираните во Македонија, не се случувало дури ни да има петмина кумановци во составот, а не сите во исто време да се најдат на теренот.

Извор: kos.mk