ДНР: Уште 50 луѓе евакуирани од Азовстал

Сподели со своите пријатели

Уште 50 лица се евакуирани од опколената фабрика за челик Азовстал во Мариупол, соопшти денеска штабот за територијална одбрана на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР), а украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека се во тек дипломатски напори за спасување на преостанатите борци под опсада во челичарницата.

Loading...

 

На пробата на Парадата на победата во Москва присуствуваа и учесниците во операцијата во Украина

 

Според агенцијата Интерфакс, околу 50 лица се евакуирани во прифатниот центар кај местото Безимене на територијата на ДНР.

Десетици цивили се заробени со недели заедно со преостанатите украински сили во фабриката за челик Азовстал, која е цел на руски напади и гранатирање, пренесува Ројтерс.

 

На пробата на Парадата на победата во Москва присуствуваа и учесниците во операцијата во Украина

Loading...

 

Бранителите на Азовстал ветија дека нема да се предадат. Според Ројтерс, украинските власти стравуваат дека руските сили сакаат да ги ликвидираат до понеделник, кога Москва го одбележува Денот на победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Досега, повеќе од 5 милиони луѓе ја напуштиле земјата од почетокот на војната во Украина на 24 февруари