Главниот град на Кина, Пекинг, денеска започна нов круг масовно тестирање на Ковид-19 и затвори неколку автобуски линии и метро станици, во обид да се избегне сценариото од Шангај, каде што милиони жители беа затворени поради епидемијата повеќе од еден месец.
Пекинг се обидува да го избегне експлозивниот раст на нови случаи на зараза со Ковид 19, како во Шангај, со масовно тестирање, а во моментов е забрането да се даваат угостителски услуги во неколку области, затворајќи повеќе од 60 станици на метрото, што е околу 15 отсто од мрежата, наведува британската агенција.
На пробата на Парадата на победата во Москва присуствуваа и учесниците во операцијата во Украина
Првиот од трите нови рунди на дневно тестирање започна денеска во најголемиот кварт во градот, Чаојанг, во кој се сместени амбасадите и голем број канцеларии, а властите рекоа дека жителите на другите области каде пријавени случаи мора да бидат тестирани во текот на викендот.
Во Шангај, властите соопштија дека најлошата епидемија на коронавирус во градот била ставена под ефективна контрола откако скоро 25 милиони луѓе беа затворени еден месец и ветија дека ќе се држат до својата стратегија за нулта толеранција за Ковид-19 и покрај зголемените економски трошоци.
На пробата на Парадата на победата во Москва присуствуваа и учесниците во операцијата во Украина
Шангајските власти во денешното соопштение наведоа дека матурата за учениците е одложена за почетокот на јули.
Бројот на заразени во Шангај надвор од зоната на карантин, што е показател дали градот може повторно да се отвори, падна на 18 во петокот, од 23 дена претходно, а вкупниот број на нови случаи малку падна на околу 4.000, според денешните податоци, пренесува Ројтерс.