Портпаролот на американското Министерство за одбрана Џон Кирби одржа прес-конференција и на новинарско прашање за информациите дека Пентагон им дал информации на украинските лидери за да им помогне да пукаат и убиваат руски генерали, тој рече дека тоа не е точно.
„Ние им даваме на Украинците она што веруваме дека е релевантно и навремени информации за руските единици кои би можеле да им овозможат да се прилагодат и да ја спроведат својата самоодбрана најдобро што можат“, рече Кирби.
Портпаролот на Пентагон, исто така, нагласи дека други земји и доставиле на Украина информации за движењето на руските војници.
– Ние не сме единствениот извор на разузнавачки информации и информации за Украинците. Тие исто така добиваат разузнавачки информации од други народи. Украина, исто така, има прилично силна способност да собира разузнавачки информации, рече тој.
Украина сама одлучува дали и како да постапува врз основа на информациите што ги добива – рече Кирби и нагласи:
– Видот на разузнавањето што им го даваме – е легитимен, легален и ограничен.