Руските воздухопловно-космички сили уништија големо складиште за оружје на украинските сили во Краматорск со високопрецизни ракети од воздух, соопшти денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.
Тој на утринскиот брифинг рече дека руски авиони, хеликоптери и беспилотни летала уништиле 24 украински воени објекти во текот на ноќта, вклучително и 18 позиции со луѓе и опрема, артилериска батерија и две ракетни и артилериски складишта во регионот Краснопол во самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР).
Ќе тргне ли Путин и на Молдавија? „Ќе се отвори нов фронт против Украина“
„Во нападите беа убиени до 280 екстремисти, а уништена е 41 единица воена опрема“, рече Конашенков.
Уништен е магацинот за оружје на територијата на фабриката „Енергомашспектштаљ“ во Краматорск, рече тој.
Според него, руската противвоздушна одбрана претходниот ден соборила украински авиони Сухој-25 и МиГ-29 над самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) и пресретнала четири балистички ракети „точка У“, пренесува Спутник.
Ќе тргне ли Путин и на Молдавија? „Ќе се отвори нов фронт против Украина“
Конашенко додаде дека артилериските единици на руската армија уништиле шест командни пунктови на украинските сили, три складишта за муниција, 26 украински артилериски батерии, како и 187 упоришта и позиции на спротивставените сили.