Унгарија се противи на одлуката на Европската унија да го стави рускиот патријарх Кирил на црната листа, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, нагласувајќи дека тоа е „прашање за верска слобода“.
„Нема да дозволиме црковните службеници да бидат вклучени во списокот со санкции“, изјави Орбан за државното радио, додавајќи дека добил писмо од православната заедница во Унгарија со барање да се бори против таквите ограничувања, пренесува Тас с.
Русија подготвува победничка парада во разурнатиот Мариупол за 9 мај? (ВИДЕО)
Тој исто така изјави дека слободата на вероисповед е „свето прашање“ за Унгарија.
Орбан посочи дека Унгарија не може да го поддржи новиот пакет санкции на Европската унија против Русија, кои вклучуваат ембарго за извоз на нафта, бидејќи „поради нив ќе падне атомска бомба врз унгарската економија“, наведува Ројтерс.
Тој рече дека Унгарија е подготвена да преговара доколку биде претставен нов предлог за санкции, кој ќе биде во согласност со интересите на таа земја.
Ќе тргне ли Путин и на Молдавија? „Ќе се отвори нов фронт против Украина“
Тој објасни дека на Унгарија и требаат пет години и огромни инвестиции во рафинерии и нафтоводи за да го трансформира сегашниот систем во земја која е 65% зависна од рускиот гас, пренесува Ројтерс.
„Не сакам конфронтација со ЕУ, но соработката е можна само доколку Брисел ги земе предвид нашите интереси“, рече Орбан.
Тој ја повтори позицијата на Унгарија да не испраќа оружје во соседна Украина бидејќи тие испораки може да бидат цел на руски напади во пограничните области каде што живеат етнички Унгарци.