Приведен криминалец од липковско за издржување казна затвор од три години и четири месеци

Сподели со своите пријатели

Четириесет и деветгодишен жител на липковското село Слупчане вчера бил приведен поради издржување затворска казна од три години и четири месеци.

Loading...

– На 05.05.2022 во 13.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.М.(49) од село Слупчане, општина Липково, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој бил баран со потерница од Основен суд Куманово за издржување на затворска казна од три години и четири месеци за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Идризово за издржување на казната.

Никола Ивановски