Папата Франциск рече дека пристапот на НАТО кон Русија можеби придонел за руската инвазија на Украина и рече дека предложил средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.
Во интервју за „Кориере дела сера“, папата се осврна на рускиот напад врз Украина и рече дека иако можеби нема да оди толку далеку да каже дека присуството на НАТО во соседните земји ја „провоцира“ Москва, тоа „можеби ја олесни“ инвазијата.
Украина: Водиме крвави битки во челичарницата: „Ако има пекол, тоа е Азовстал“
Тој потврди дека Светата столица бара средба меѓу папата и Путин во Москва од средината на март.
„Се разбира, ни треба лидерот на Кремљ да постави временска рамка. Сѐ уште не добивме никаков одговор и сѐ уште се обидуваме, и покрај мојот страв дека Путин не може и не сака да ја одржи оваа средба во овој момент“, истакна папата.
Папата Франциск засега ја отфрли можноста да оди во Киев и нагласи дека прво мора да оди во Москва и да се сретне со Путин.
Украина: Водиме крвави битки во челичарницата: „Ако има пекол, тоа е Азовстал“
Од инвазијата на Украина, папата постојано ја критикуваше оваа агресија, избегнувајќи експлицитно да го спомене Путин, во согласност со надворешната политика на Ватикан да ја држи отворена вратата за можен дијалог, според Политико.