Украина: Водиме крвави битки во челичарницата: „Ако има пекол, тоа е Азовстал“

Сподели со своите пријатели

Интензивните напади продолжија врз опколената фабрика за челик Азовстал во Мариупол во четвртокот навечер, рече официјалниот претставник.

Loading...

„Од сега па натаму, ако има пекол во светот, тој е во Азовстал“, изјави во четвртокот наутро Петро Андриушченко, советник на градоначалникот на Мариупол, пренесува Си-Ен-Ен.

 

Русите го гранатираа Краматорск, Украина гранатираше села во регионот на Белгород

 

– Гранатирањето и нападите се непрестајни, дури и во текот на ноќта со прилагодување на оган од дронови, рече тој.

Андриушченко додаде дека станбените области во близина на фабриката „мораа итно сами да се евакуираат без предупредување“.

 

Loading...

Украинските војници се обучуваат во Германија

 

„Последните 11 квадратни километри слобода во Мариупол се претворени во пекол“, рече тој.

Борците во фабриката во средата соопштија дека руските сили го пробиле нејзиниот периметар.