Руската армија изврши ракетен напад врз Краматорск во Доњецката област, во кој се повредени најмалку 25 цивили, соопшти денеска на Телеграм советот на тој украински град.
„Уште еден ракетен напад врз Краматорск. Беше опасно, се случи синоќа, на станбени населби и централниот дел на градот“, се вели во соопштението на градскиот совет, пренесува Укринфром.
Проектилите оштетија девет домови, училиште и цивилна инфраструктура.
„Најмалку 25 ранети цивили се резултат на ракетен напад што Русите го извршија синоќа на Краматорск. На шестмина од ранетите им е потребна медицинска помош во болница“, соопшти прес-службата на регионалната воена управа на Доњецк.
Гувернер: Украина гранатираше села во регионот Белгород
Украина денеска ги гранатираше пограничните села Журавлевка и Нехотеевка во руската област Белгород, напиша регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков на својот канал Телеграм.
„Украина продолжува да ги гранатира Журавлевка и Нехотеевка; Според извештајот на дежурната група на доброволната национална гарда, во Нехотејевка се уништени куќи и гаражи, а нема цивилни жртви“, објави Гладков, пренесува ТАС С.
Њујорк Тајмс: САД и помогнаа на Украина со разузнавачки информации за да убијат многу руски генерали
Гувернерот истакна дека во моментот на објавување на извештајот, во 10.12 часот по московско време, гранатирањето на селото сè уште трае и вети дека подоцна ќе даде повеќе информации за ситуацијата.
Во овие села беше воведена вонредна состојба на 23 март по експлозијата на артилериска граната истрелана од Украина, јави ТАС С.
Во експлозијата загинаа тројца локални жители, а беа оштетени дваесетина куќи и автомобили.
По честите гранатирања, повеќето локални жители се евакуирани, пренесува руската агенција.