Две лица, едно од Куманово, друго од Ранковце, биле приведени вчера додека се обидувале да извршат кражба од меѓународен товарен воз на железничкиот премин „Табановце“.
Loading...
– На 04.05.2022 во 22.40 часот на граничен железнички премин „Табановце“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Сопот“ ги лишиле од слобода Е.Ш.(34) од село Романовце, кумановско и Р.И.(47) од село Псача, општина Ранковце, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Тие биле затекнати при обид да одземат предмети од меѓународен товарен воз.
Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски