Украина: Во Азовстал има уште 30 деца

Сподели со своите пријатели

Украинската политичарка Кира Рудик изјави дека 156 луѓе успеале да го напуштат опколениот Мариупол, но и дека во Азовстал има уште 30 деца.

Loading...

 

Шојгу: Руската армија го контролира Мариупол

 

Во интервју за Sky News, Рудик рече дека имало најмалку 20 неуспешни обиди за евакуација од Азовстал.

„Можете да замислите како сите плачевме од среќа кога првата група луѓе дојде на сигурно. Напредокот што го постигнавме е неверојатен“, вели Рудик.

 

Песков: Западот ќе плати висока цена за антируските санкции, Кремљ подготвува одговор

Loading...

 

Таа додава дека главна цел сега е да се спасат сите деца и жени, стари и повредени војници.

„Значи, во моментов, нашата главна цел е да обезбедиме да ги извлечеме сите деца, околу 30 деца сѐ уште се таму. Најкомплицирана процедура би била со ранетите војници бидејќи Русија не им дозволува да излезат“, рече Рудик.